Сончево време со умерена облачност
Времето денеска ќе биде сончево и топло со умерена облачност и слаб ветер од променлив правец. Највисоката дневна температура ќе се движи во интервал од 27 до 33 степени.
Во Скопје температурата ќе се искачи до 31 степен.
Утре во текот на денот ќе се задржи стабилно, суво и топло време за овој период од годината. Кон крајот на денот ќе настапи значителна промена на времето која и во наредните денови ќе услови зголемена облачност, повремени локални врнежи од дожд, засилен северен ветер и опаѓање на дневната температура во поголем дел од земјава за повеќе од 10 степени.