Дескоска: оштетените во „Сопот“ судски да ги остварат своите права
„Во тој случај тие се обраќаат до Министерството за правда за спогодба“, рече Дескоска одговарајќи на новинарско прашање пред денешната дебата за Предлог-законот за спречување на корупцијата и судир на интереси.
Таа појасни дека со оглед на тоа што нема критериуми врз основа на кои може да се направи таа спогодба, Министерствто ги упатува на судско остварување на правата.
„Тоа е стандардна процедура што оди буквално за сите и нема посебни принципи кои би важеле за овој конкретен случај“, рече Дескоска.
Случајот „Сопот” е од 2003 години, кога двајца полски војници и еден македонски државјанин загинаа, откако теренско возило на НАТО нагази на мина на локалниот пат Сушево – Сопот.
Во овој случај десет лица беа осудени за тероризам, односно дека подметнале експлозивна направа на локалниот пат Сушево – Сопот. Осомничените беа ослободени од обвинение на почетокот на годинава кога Специјалното јавно обвинителство ги прогласи за невини.