МВР: Секаков вид притисок, закана или уцена при гласањето ќе биде спречен
Согласно законите, се наведува во соопштението на МВР, секаков вид притисок, закана или уцена при чинот на гласањето ќе биде спречен и санкциониран. Исто така согласно законите, секој обид за попречување на остварување на правото на глас ќе биде санкциониран.
“Најостро ги демантираме лагите изнесени на денешната прес конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. МВР веќе не е партизирана институција како што тоа беше во минатото. Сега МВР работи според законите. Апелираме до политичките субјекти да престанат со ширењето на невистини. Ги повикуваме граѓаните доколку сметаат дека нивните права се повредени, тоа веднаш да го пријават за да можат да се преземат соодветни дејствија,” се додава во соопштението на Министерството.
Претходно опозициската ВМРО-ДПМНЕ обвини дека луѓе блиски до СДСМ и првиот полицаец Оливер Спасовски ги следат, снимаат и документираат сите граѓани кои биле излезени на протест во Охрид, за потоа да можат да вршат разни притисоци врз нив.