Столтенберг: Македонија ќе стане членка на НАТО со одобрување на Договорот
„Сите внимателно го следевме изјаснувањето на референдумот во поранешната југословенска република Македонија. Го поздравувам постигнатото одобрување за Договорот од Преспа. Скопје треба да ги определи следните чекори“, нагласи Столтенберг.
Тој посочи дека НАТО е подготвен да ја поздрави Македонија како 30-ти член на НАТО, но оти тоа тоа може да се случи само со одобрување на Договорот од Преспа.
„Преговорите за членство почнаа и очекуваме да ги завршиме во јануари идната година. Кога ќе заврши прифаќањето на Договорот, може да потпишеме протокол со ПЈРМ. Во почетокот на годината државата може да се присоедини кон Алијансата. Ги повикувам сите да пројават одговорност и да ја искористат таа можност“, нагласи Столтенберг.