Путин го нарече Скрипал „предавник и копиле“
Рускиот претседател Владимир Путин го нападна поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал, за кој Британија ја обвини Русија дека учествувала во неговото труење со нервниот агенс новичок во Салсбери, нарекувајќи го „предавник“ и „копиле.“
Зборувајќи денеска на енергетски форум во Москва. Путин спорот околу труењето на Скрипал и неговата ќерка го нарече „уште еден шпионски скандал кој е надуен вештачки.“
„Гледам дека некои од вашите колеги ја туркаат теоријата дека Скрипал е некој вид на бранител на човековите права“, рече Путин пред публиката. „Тој е шпион, предавник на неговата татковина, има такво нешто – предавник на својата татковина. Тој е еден од нив.“
„Тој е копиле, тоа е се што е тој“, рече Путин.