Околу 60 мигранти се водат како исчезнати крај Гвинеја Бисао
Околу 60 имигранти се водат како исчезнати откако се преврти брод во близина на брегот на Гвинеја Бисао, изјави денеска командантот на крајбрежната стража Виктор Сига. Тој додаде дека крајбрежната стража уште во понеделникот забележала дека бродот има проблеми, но не можела да испрати помош. Сига наведе и дека се пронајдени остатоците од бродот, но не се пронајдени телата на луѓето.