ММФ: санкциите на САД ја турнаа иранската економија во рецесија
Меѓународниот монетарен фонд оцени дека иранската економија оваа година паднала во рецесија и оти ќе се влоши во следната година како последица на обновените санкции на САД кон Техеран.
ММФ во својот Светски економски преглед објавен на 8 октомври наведува дека нафтено ориентиранта економија на Иран се очекува да се намали за 1,5 отсто оваа година како резултат на намалувањето на извозот на нафта, со што падот на економското производство ќе се намали за 3,6 отсто во 2019 година.
Во мај, пред објавувањето на американскиот претседател Доналд Трамп дека ги враќа санкциите кон Техеран, ММФ предвиде дека иранската економија ќе порасне за 4 отсто во 2018 и 2019 година.
ММФ наведува дека намалувањето на иранската економија што сега е проектирано за следните две години, се должи на намаленото производство на нафта под санкциите.
Вашингтон веќе го наметна првиот круг на санкции за иранската економија, истовремено предупредувајќи ги иранските нафтени клиенти да почнат да бараат други добавувачи. Вториот круг санкции за иранскиот нафтен сектор треба да стапат на сила на 5 ноември.