Двотретинското мнозинство ќе се дознае кога ќе се гласа
Премиерот Зоран Заев денеска рече дека никој не може да каже дали е обезбедено двотретинско мнозинство, но додаде дека постои прогресивна маса пратеници која е мотив да се почне процедурата за уставни измени. Собранието се уште нема најава за почеток на постапката која би траела повеќе од три месеци.