Осум загинати во експлозија на изборен митинг во Авганистан
Во наводен самоубиствен бомбашки напад на изборен митинг во Авганистан убиени се најмалку осум луѓе, соопштија официјални претставници, откако милитантите ги ескалираа нападите низ целата земја во пресрет на изборите овој месец.
Умар Шакти, портпаролот на провинцискиот гувернер, за РСЕ соопшти дека 11 луѓе исто така биле повредени во бомбардирањето кое се случило во Лашкар Гах, главниот глад на провинцијата Хелманд која е талибанско упориште.
Бомбата ја погодила канцеларијата на парламентарниот кандидат за изборите Салех Мохамад Кан Ахакзаи додека кампањата беше во тек, рече членот на провинцискиот совер Хаџи Абдул Ахад Султанзој.
Ахакзаи беше еден од повредените.
Ниту една група не презеде одговорност за нападот, кој доаѓа во услови кога Талибанците и милитантите на групата на Исламската држава ги засилија нападите во земјата пред долго одложуваните парламентарни избори закажани за 20 октомври.