Најмалку 50 загинати во сообраќајна несреќа во Кенија
Најмалку 50 луѓе загинале во сообраќајна несреќа на автобус во Кенија, соопштија претставници на полицијата и на Црвениот крст. Очевидци велат дека денешната сообраќајна несреќа се случила кога автобусот се превртел од патот додека се симнувал од стрмна падина, објави весникот „Дејли репортер.“
Регионалниот менаџер на Црвениот крст, Николас Кембои, изјави дека возачот загубил контрола врз возилото на патот околу 200 километри северно од главниот град Најроби. Тој додаде дека во автобусот превезувал 52 лица, а меѓу загинатите се седум деца.