Стационарот „Вардариште“ мал за бездомните кучиња
Долги биле процедурите за решавање на проблемот со кучиња скитници, велат градските власти. Стационарот „Вардариште“ има капацитет за стотина кучиња, а на улиците низ Скопје има илјадници бездомни кучиња. Невладините прават кампањи, а периодов почна и бесплатно чипирање.