Иран тврди дека е убиен „организаторот“ на нападите во Ахваз
Корпус на Иранската револуционерна гарда тврди дека го убил главниот „организатор“ на нападот на воената парада минатиот месец во градот Ахваз, во кој загинаа 24 лица.
Во изјава објавена денеска на државните медиуми, припадниците на гардата објавија дека сојузничките сили во Ирак убиле лице идентификувано како Абу Заха „организаторот на неодамнешните терористички криминал во Ахваз“, заедно со четири други милитанти.
На веб страницата на иранската државна телевизија е наведено дека Абу Заха бил член на Исламската држава, екстремистички сунитска муслиманска група која смета дека иранското шиитско муслиманско мнозинство е еретичко.