Петмина загинати во борби во источна Украина
Украина соопшти дека двајца нејзини војници се убиени и еден повреден како резултат на судири со сепаратистите поддржани од Русија на истокот на земјата.
Министерството за одбрана денеска соопшти дека сепаратистичките борци 19 пати го прекршиле прекинот на огнот, користејќи митралези, минофрлачи и ракетни гранати и дека украинските сили убиле тројца сепаратистички борци, а двајца повредиле.
Сепаратистите поддржани од Русија соопштија дека украинските сили 27 пати го прекршиле прекинот на огнот, користејќи ист тип на оружје.
Од април 2014 година во борбите меѓу украинските сили и проруските сепаратисти, кои контролираат делови од регионите Доњецк и Луганск, загинаа повеќе од 10.300 луѓе.