Расправата за уставните измени продолжува во петок
Претседателот на Собранието, Талат Џафери за во петок го закажа продолжувањето на расправата за уставните измени по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ.
Пратениците од ВМРО - ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. ВМРО-ДПМНЕ ги повика пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од расправата и да се пристапи кон гласање за измените на Уставот.