Кирацоски: уставните амандмани денеска ќе бидат доставени до Собранието
Дел од нацрт уставните амандмани денеска ќе бидат доставени во Собранието, постапката ќе почне да се реализира од понеделник па натаму, изјави пратеникот и генерален секретар на СДСМ Александар Кирацоски.
Тој вели дека е потребно по три дена за секој амандман во собраниската комисија па подоцна и на пленарната седница, доколку сите амандмани, како што вели, што ги знаат и очекуваат бидат доставени, тоа ќе одземе околу два до два ипол месеци за комплетниот процес, рече Кирацовски.
„Се надевам и убеден сум дека сите пратеници интегративно ќе учествуваат во дебатата за поднесените амандмани, во подобрување на оние амандмани кои се евидентни и сите заедно да го заокружиме процесот што не движи напред кон ЕУ и НАТО, рече Кирацовски.
Тој очекува да биде формирана и комисијата за помирување и национално обединување, и ги повика сите парламентарни групи да учествуваат во неа.