Ердоган бара Саудиска Арабија да ја открие локацијата на телото на Кашоги
Ердоган ја повика Саудиска Арабија да ја открие локацијата на телото на Кашоги. Ердоган рече дека Ријад треба да го објави идентитетот од „локалниот соработник“ кој наводно го земал телото на Кашоги од саудиските агенти, откако колумнистот на Вашингтон Пост бил убиен во конзулатот во Истанбул на 2 октомври.
Зборувајќи денеска пред провинциските претставници на неговата партија во Парламентот, Ердоган рече дека Турција има други „информации и докази“ за убиството на Кашоги во саудискиот конзулат.
Ердоган рече дека саудискиот јавен обвинител на 28 октомври треба да се состане со обвинителот во Истанбул.