Сомнителен пакет испратен и до американскиот сенатор Букер
Денеска во Флорида беше пронајден уште еден сомнителен пакет, овој пат адресиран до демократскиот сенатор Кори Букер, објавија Си-ен-ен и МСНБЦ. Си-Ен-Ен исто така објави дека полицијата во Њујорк испитува посебен случај на сомнителен пакет во една пошта.
Во текот на изминатите два дена сомнителни пакети беа испратени до Хилари Клинтон, Барак Обама, до поранешниот американски потпретседател Џо Бајден, потоа во ресторанот што е во сопственост на холивудскиот актер Роберт де Ниро во Њујорк, телевизијата Си-Ен-Ен...