Кан: ЕУ да се подготви да го одложи Брeгзит
Лондонскиот градоначалник, Садик Кан, денеска во Брисел предупреди дека ЕУ треба да се подготви да го одложи Брeгзит додека не се одржи втор референдум или избори со нова влада, која ќе испреговара подобар договор, објавија британските медиуми.
„Со толкав влог за Обединетото Кралство и за ЕУ, и со претстојниот пораз на британската Влада во Парламентот, се надевам дека Мишел Барние и ЕУ ќе се согласат да почнат да се подготвуваат за продолжување на Членот 50 за да можеме да избегнеме политичка и економска криза која би имала огромни последици за цела Европа“, изјави Кан.