Македонци докажувале бугарско потекло за 5000 евра
Специјалното обвинителство ја истражува бугарската Државна агенција за Бугарите во странство поради сомнеж за корупција. Истражителите од утринава испитуваат сведоци во Софија, Ќустендил и во Плевен, пренесува бугарскиот информативен портал БТВНовините.
Истрагата започнала по обвинувањата дека се издавале документи со кои се докажува бугарско потекло за 5000 евра, а такви фалсификувани документи им биле издавани на луѓе од Македонија, Украина и од Молдавија. Со тие документи потоа можеле да извадат бугарски пасош.
Униформирани полицајци обезбедуваат една куќа во ќустендилското село Драговиштица, а се истражува и една сметководствена куќа во Ќустендил.