Во Истанбул отворен најголемиот аеродром во Европа
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган го отвори новиот меѓународен аеродром во Истанбул, најголем во Европа. Авионот во кој се наоѓаше турскиот лидер слета на пистата, означувајќи го отворањето на објектот. Истанбулскиот аеродром, кој е три пати поголем од оној во Франкфурт, годишно ќе опслужува околу 90 милиони патници, а преку 4 фази на проширување, оваа бројка до 2028 година ќе изнесува околу 200 милиони патници годишно.
Според локалните медиуми, трошоците за изградба на овој гигантски објект, кој предизвика протести кај локалното население и екологистите, изнесуваат околу 12 милијарди долари.