Средба Катругалос – Османи во Грција
Пред 16 часот по локално време во грчкото МНР започна тет-а-тет средбата на заменик претседателот на македонската Влада, Бујар Османи со алтернативниот министер за надворешни работи на Грција задолжен за европски прашања, Јоргос Катругалос, јави дописничката на МИА од Атина.
По 20 минутната тет-а-тет средба, започна состанокот на двете делегации составени од претставници од СЕП и МНР на Македонија и претставници на грчкото МНР.
На средбата според најавите, се очекува да стане збор за односите меѓу двете земји, Договорот од Преспа и обврските што тој го создава за двете земји, за мерките за градење доверба, унапредување на билатералните односи, за поддршката од страна на Грција за македонската евро-аталантска интеграција.
По разговорите и изјавите за медиумите, алтернативниот шеф на грчката дипломатија Јоргос Катругалос ќе го испрати симболично вицепремиерот Бујар Османи на атинскиот аеродром, на првиот лет по пауза од над 10 години од Атина за Скопје.
Авионот треба да полета во 18.40 часот по локално време, а во Скопје пристигнува по 1 час и 15 минути, односно во 18.55 часот по македонско време.