Потврдена забраната за влез на српски интелектуалци во Црна Гора
Црногорската полициска дирекција донесе одлука со која на српски интелектуалци, меѓу кои е и писателот Матија Беќковиќ, им се забранува да влезат во државата.
„Преминувањето на државната граница, освен на Беќковиќ, им е ускратено и на историчарите Чедомир Антиќ и Александар Раковиќ, како и на српскиот политичар и адвокат Дејан Мировиќ“, изјавија од Граничната полиција.
На полициските службеници на сите гранични премини им е доставен список на луѓе на кои не им е дозволено ниту случајно да влезат во земјата, бидејќи тие ја загрозуваат националната безбедност на Црна Гора, објави весникот Дан. Српските интелектуалци, на кои им е забранет влезот, беа најавени како говорници на манифестацијата по повод прославата на Собранието на Подгорица.