„Денови на европско Скопје“ во пресрет на Празникот на градот
Со цел на еден поинаков, модерен и урбан начин да се одбележи 13 ноември – Денот на ослободувањето на главниот град, од 4 до 7 ноември ќе се одржи мултимедијалниот проект „Денови на европско Скопје“ чиј иницијатор и организатор е Дирекцијата за култура и уметност.