Ерменскиот парламент e распуштен, предстојат избори
Ерменскиот парламент денеска е распуштен , откако по вторпат не се успеа, во согласност со претходниот политички договор, да се избере нов премиер. Овој потег доаѓа во услови на притисок на в.д. премиерот Никол Пашијан да издејствува нови општи избори следниот месец, во обид да ги собори своите политички противници, кои го задржаа мнозинството во парламентот и покрај промената на владата во мај. Тој се повлече на 16. октомври за да го отвори патот за распуштање на сегашниот парламент, во кој тој контролира само неколку места.
Според уставот на Ерменија, парламентот мора да се распушти и мора да се распишат предвремени избори ако пратениците не успеат да изберат нов шеф на владата во рок од две недели по оставката на премиерот. Пропашинската алијанса која има само девет места во парламентот, првично го номинираше Пашинин за премиер на 23. октомври, а пратениците ја отфрлија номинацијата следниот ден. Алијансата и членовите на втората најголема парламентарна фракција контролирани од богатиот бизнисмен Гагик Царукјан го номинираа Пашинија за второто гласање.