Франција одбележува 100 години од крајот на Првата Светска Војна
Франција со серија настани од денеска ја одбележува 100 годишнината од крајот на Првата Светска Војна, на кои се очекува да присуствуваат околу 80 светски лидери. Францускиот претседател Емануел Макрон е домаќин на церемониите кои ќе се одржуваат на бојните полиња низ целата земја.
Меѓу гостите се очекува да бидат американскиот претседател Доналд Трамп, рускиот претседател Владимир Путин, германската канцеларка Ангела Меркел, како и британската премиерка Тереза Меј.