Уапсени 8 демонстранти на антивладините протести во Русија
Руската полиција уапсила најмалку 8 демонстранти на антивладините протести кои се одржуваат за време на прославата на Денот на национално единство во земјата. Во истовреме се одржува и марш низ улиците на Москва за одбележување на празникот.
Празникот беше воспоставен од Кремљ пред повеќе од 10 години со цел да се замени со прославата на годишнината од револуцијата на болшевиците.
Рускиот претседател Владимир Путин го користи празникот да промовира патриотизам, да го консолидира општеството и да ја зајакне контролата на Кремљ. Во мината година беа уапсени околу 70 лица на антивладините протести.