Убиени 19 милитанти во Египет
![Убиени 19 милитанти во Египет](https://gdb.rferl.org/64DB9E44-5EDD-4084-B92F-25E48E52D489_w800_h450.jpg)
Египетските безбедносни сили убиле 19 исламски милитанти кои припаѓале на ќелија која се верува дека е одговорна за нападот врз христијани во покраината Минја при кој загинаа 7 лица. Египетските власти не ја објавија точната локација каде се случила престрелката. Милитантната група Исламска држава ја презеде одговорноста за нападот во Минја кој се случи во петокот, но не посочи докази за нејзината вмешаност.