Најмалку 29 жртви од невремето во Италија
Најмалку 12 лица загинале на Сицилија при што бројката на жртви како последица на невремето во Италија се искачи на 29, соопштија властите. Поројниот дожд кој предизвика лизгање на земјиштето и поплави однесе 10 животи во Палермо и регионот околу градот.
Неколку лица се водат за исчезнати. Италијанскиот премиер Џузепе Конте на Твитер најави дека ќе го посети островот и дека е во постојан контакт со локалните власти за ситуацијата на Сицилија.