Таравари – Го решаваме проблемот, затекнавме по едно куче на квадратен метар
Градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, изрази жалење за вчерашната несреќа, кога 17-годишна девојка се удави во Вардар, бегајќи од кучиња скитници и побара да не се прават политички драми. Во пораката објавена на Фејсбук, тој пишува дека проблемот со бездомните кучиња е наследен и кон него имале сериозен пристап.
„Не сум навикнал да не сносам одговорност, но математички нашата екипа гоправеше и го прави невозможното за да се стабилизира состојбата каде што затекнавме едно куче на метар квадратен. Ако се откажеме, покажуваме „нула“одговорност, ако продолжиме да ја водиме битката со кучињата, значи имаме сила и дигнитет. Битката ни зеде еден ангел, но го разбуди 1000 пати повеќе мотивот за да продолжи нашата акција за решавање на проблемот со бездомните кучиња!“, напиша гостиварскиот градоначалник на Фејсбук.