Заев: Мукоски се извини и тоа за мене е најголемо простување, но правниот систем мора да важи
Премиерот Зоран Заев, на вечерашниот брифинг со новинарите за Планот 18, рече дека суштината на формирањето на Кооординативното тело за помирување за настаните од 27 април е да помогне во превенирање на политички кризи, во олеснување на пронаоѓање квалитетни решенија за реформите, во нивна имплементација, но и да даде помош во делот на помирувањето заради евентуално политичко мешање во правни процеси.
Одговарајќи на новинарско прашање, Заев рече дека ќе се бара помош и од правните институции, да се најдат правни механизми за тоа што значи помирување, што значи простување.
„Тоа понекогаш значи извинување. На првата средба со новата пратеничка група, со пратеникот Крсто Мукоски имаше извинување од негова страна и од моја и од Талат Џафери и тоа за мене е најголемо простување. Но тоа е до мене, но сепак правниот систем мора да важи“, нагласи премиерот.