Манчевски: Деполитизација на администрацијата
Деполитизација на администрацијата ќе биде приоритет на Министерството за информатичка технологија, изјави министерот Дамјан Манчевски, кој во моментов, заедно со премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Бујар Османи и министрите Рената Дескоска и Оливер Спасовски, на брифинг со новинарите го претставуваат новиот владин План 18.
„Наши императиви во следниот период ќе бидат деполитизација на администрацијата, реорганизација и оптимизација на институциите, зголемување на капацитетите за скрининг и за преговори и оефикасни и поевтини услуги за граѓаните“, рече Манчевски и додаде дека ниту еден од вработените нема да остане без работа, туку во случај на потреба ќе има доброволно распределување во приватниот сектор.