Банкарите бараат одложување на данокот на камати до влезот во ЕУ
Тие сметаат дека со одложувањето на даночењето на приходите од камати ќе се задржи позитивниот тренд на штедењето.
Во однос на воведувањето прогресивно оданочување, тие ценат дека е потребна поширока расправа заради унапредување на предлогот со вклучување на позитивни искуства од земјите каде веќе е во примена. Според предложеното законско решение од Министерството за финансии, каматите од депозитите треба да се оданочуваат од 2020 година со стапка од 15 проценти, но ако каматата е поголема од 15.000 денари.