Бугарија нема да пристапи кон Договорот на ОН за миграција
Бугарија одлучи да не учествува во Глобалниот договор на Обединетите нации за миграција, изјави шефот на пратеничката група и заменик претседател на владејачката ГЕРБ, Цветан Цветанов, додавајќи дека тој договор би ги нарушил бугарските национални интереси. Покрај Бугарија, Договорот не го прифатија и неколку други европски земји, како Австрија, Полска и Унгарија, а Хрватска и Словенија се двоумат околу пристапувањето. Договорот пропишува начин како државите треба да се однесуваат кон мигрантите. Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска во Берлин ја повика Европа на единство по прашањето на миграцијата и другите проблеми.
„Доколку една, две или три држави го напуштат Договорот на ОН за миграција, тогаш ние како ЕУ не можеме да ги штитиме сопствените интереси“, изјави Јункер.