Груевски не може да биде екстрадиран додека трае постапката за азил, тврди Спасовски
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски изјави дека додека трае постапката за азил, Никола Груевски не може да биде екстрадиран во Македонија.
Министерот ова го кажа во емисија на Канал 5, одговарајќи на прашање дали со распишувањето на меѓународната потерница, Груевски може да биде екстрадиран во Македонија доколку постапката за барање азил е во тек. Претходно министерот информираше дека за поранешниот премиер е распишана меѓународна потерница, која пред потврдата дека тој е во Унгарија, беше распишана како национална.