Инфлацијата во Иран над 40 насто до крајот на годинава
![Инфлацијата во Иран над 40 насто до крајот на годинава](https://gdb.rferl.org/D7DC5A26-3D54-42BF-B3C1-E01FE7C33EFF_cx0_cy5_cw0_w800_h450.jpg)
Инфлацијата во Иран ќе скокне на над 40 насто до крајот на годинава, а иранската економија ќе влезе во длабока рецесија, соопшти Меѓународниот монетарен фонд, наведувајќи дека ова главно е последица од американските санкции врз Иран. Американскиот потег за обнова на санкциите следеше откако претседателот Доналд Трамп донесе одлука да ги повлече САД од нуклеарниот договор меѓу Иран и големите сили.