Хамас – Оставката на Либерман е победа за Газа
Исламското екстремистичко движење Хамас денеска оцени дека оставката на израелскиот министер за одбрана, Авигдор Либерман, по два дена жестоки судири со израелската војска, е „политичка победа за Газа“. Портпаролот на Хамас, Сами Абу Зухри изјави дека оставката значи „признавање на поразот и неуспехот во спротивставувањето со палестинскиот отпор“ и оти цврстиот став на Газа предизвикал политички шок во Израел.
Либерман претходно соопшти дека поднесува оставка во знак на протест против примирјето со екстремистите во Газа. Тој заговара поодлучен и пожесток одговор против палестинските екстремисти.