ЦИА заклучува дека саудсикиот принц наредил убисто на Кашоги
Официјални претставници на американската разузнавачка служба изразуваат уверување дека саудискиот принц Мухамед бин Салман наредил убиството на новинарот Џамал Кашоги во Турција, минатиот месец.
Ваквите уверувања ги соопштил извор запознаен со истрагата. Истиот извор за Вашингтон пост изјавил дека ЦИА за своите проценки ја известила и американската влада, а тоа не се совпаѓа со тврдењата на саудиските власти кои велат дека принцот Салман не бил вмешан во убиството на Кашоги.
За вмешаноста на принцот во убиството на новинарот доцна на 17 ноември прво беше објавено од Вашингтон пост, а подоцна и од други медиуми, меѓу кои АП и Ројтерс.
Белата куќа и Стејт департментот одбија да ги коментираат пишувањата на Вашингтон пост.
Весникот повикувајќи се на луѓе кои се запознаени со ова прашање, објави дека проценката на разузнавачките агенции на САД била делумно базирана на телефонскиот повик на братот на кралскиот принц, принцот Калед бин Салман, кој е саудиски амбасадор во Соединетите Американски Држави, со Кашоги.
Амбасадорот преку Твитер негираше дека имал таков повик.
Кашоги, критичар на саудиската влада и колумнист на „Вашингтон пост“, беше убиен во Конзулатот на Саудиска Арабија во Истанбул на 2-ри октомври.