Заев – Амнестија за 27 април е можна, освен за насилниците
За настаните во Собранието од 27 април лани, може да има помирување само за оние кои не учествувале во насилства, рече премиерот Зоран Заев, синоќа во интервју за телевизија Алсат-М.
„Сите што не учествувале во насилството и не биле дел од организаторите внатре, јас немам проблем преку нив да го направиме помирувањето. Тоа може да биде закон за амнестија, донесување на одлука на Парламентот во рамки на своите надлежности. Тоа не е мешање во судството, Парламентот има свои надлежности“, изјави Заев.