Украина ја одбележува 85 годишнината од Поморот од глад
Украина денеска ја одбележува 85-годишнината од глад од времето на Сталин, познат како Поморот од глад, во кој милиони луѓе загинаа од глад. Пред годишнината, американскиот Стејт департмент го опиша тоа како "еден од најстрашните акти на 20 век". Одделот, исто така, посочи дека во "тековната агресија" на Русија во источна Украина, односно борбите меѓу украинските владини сили и сепаратистите поддржани од Москва загинале над 10.300 луѓе од април 2014 година.
Во 1932 и 1933 година, советските власти ги принудија селаните во Украина да се приклучат на колективните фарми, со жито и други прехранбени производи.
Проценките за бројот на загинати од глад се движат од 3 милиони до 7 милиони.
Секоја година, во во ноември, Украина го одбележува Денот на сеќавање на жртвите во Поморот од глад, за да ги запамети оние што загинаа за време на трагедијата, што многу Украинци го сметаат за дело на геноцид чија цел е бришење на украинските фармери. Москва негира какви било систематски напори против Украинците, тврдејќи дека слабата жетва во тоа време била причина за смртта на многумина во делови од Советскиот Сојуз.