Автомобил влета меѓу пешаци во Кина, седуммина мртви
Еден автомобил, од сè уште непознати причини, денеска влета меѓу пешаци во југозападна Кина, при што уби седум, а повреди четворица луѓе, соопштија тамошните власти. Автомобилот ги згазил луѓето на тротоар во едно село во провинцијата Сечуан во 10 часот утринава по локално време.
Полицијата не прецизира дали се работи а сообраќајна несреќа или за напад. Возачот е уапсен и во тек е истрагата.
Пред пет дена, автомобил удри во ученици во североисточна Кина, при што усмрти пет, а повреди 19 луѓе. Возачот, стар 29 години, ги избрал жртвите случајно по кавга со неговата сопруга.
Возачите во Кина често ги игнорираат сообраќајните правила. Само во 2015 година во сообраќајни несреќи во Кина загинале 58 илјади луѓе.