Над 500 тела есхумирани од масовни гробници во Рака
Локален функционер во Рака изјавил дека повеќе од 50 тела до сега се есхумирани од една од најголемите масовни гробници откриена во близина на сирискиот град, некогашен главен град на калифатот на екстремистичката Исламска држава. По повеќе од еден месец откако почна копањето на масовните гробници во Панорама, форензичарски тимови продолжија да ископуваат тела закопани за време на четиримесечната кампања за ослободување на градот Рака.
Се проценува дека таму биле погребани околу 1.500 луѓе, пренесува Асошиејтед Прес.