Изградбата на нов клинички центар отвори повеќе дилеми
Локацијата и сообраќајните приоди, синергијата со останатите болници и судбината на стариот клинички центар и објектите што ќе останат, се дел од дилемите што ги отвори најавата за изградба на нов Клинички центар. Не е јасно и дали новиот центар ќе го инкорпорира и медицинскиот факултет.