На претседателските избори во Грузија води Саломе Зурабашвили
Кандидатката на грузиските власти Саломе Зурабашвили освои најмногу гласови на вчерашниот втор круг од претседателските избори. Таа, според анкетите по завршувањето на гласањето, имала 55 насто од гласовите. Нејзиниот противник, кандидатот на опозицијата Григол Вашадѕе освои 45 проценти. Ова се последните директни избори за претседател на Грузија, бидејќи наредниот шеф на држава, според усвоените уставни измени, ќе се избира во парламентот, а најмоќна личност во земјата ќе стане премиерот.