Харадинај - Вучиќ нуди признавање на Косово во замена за дел од неговата територија
Српскиот претседател Александар Вучиќ, со поддршка на Русија, предлага Белград да ја признае независноста на Косово, во замена за дел од неговата територија, тврди косовскиот премиер Рамуш Харадинај во авторски текст за „Вашингтон пост“.
„Србија сака да создаде етнички чиста држава, да им го одземе државјанството на луѓето и да ги протера од нивните домови“, наведува Харадинај.
Според него, Вучиќ бара од Косово да направи „невозможен избор“, кој би ја загрозил стабилноста на регионот и би претставувал „закана за американските сојузници“. Харадинај вели дека на тој начин би се направило мирно етничко чистење и оти тој тоа не го прифаќа.