НАТО – Веќе имаме значајно присуство во Црното Море
Портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску, денеска изјави дека Алијансата веќе има значајно присуство во Црното Море, одговарајќи на апелот на украинскиот претседател Петро Порошенко НАТО да распореди воени бродови поради тензиите со Русија. Таа рече дека бродовите на НАТО рутински патролираат и спроведуваат вежби во Црното Море. Оваа година, бродовите на НАТО поминале 120 дена во тој регион, за разлика од 80 дена минатата година. Членките на НАТО: Бугарија, Романија и Турција излегуваат на Црното Море, каде што имаат распоредено свои сили, рече Лунгеску.
Порошенко, во интервју за германскиот таблоид Билд, ги повика земјите на НАТО да распоредат свои воени бродови во Азовското Море, за да ја поддржат Украина во кризата со Русија.