ЕП усвои амандман за истрага за убиството на Кацифас
Европскиот Парламент денеска усвои амандман со кој од Албанија се барацелосна истрага на околностите кои довеле до убиство на Констандинос Кацифас на 28 октомври годинава, во албанското погранично село Буларат, во престрелка со полицијата.
Амандманот е дел од извештајот на ЕП за пристапните преговори на Албанија со Европска унија усвоен денеска со 459 гласови „за“. Со амандманот се бара од албанските власти да ги истражат и да ги утврдат околностите што доведоа до смрт на Кацифас.
Амандманот бил поднесен одгрчкиот пратеник од ПАСОК, Никос Андроулакис и германскиот социјалдемократ Кнут Флекенштајн, а беше поддржан од мнозинството во ЕП.
Убиството, се случи во Буларат, кај Ѓирокастро во близина на албанско-грчката граница, каде главно живеат припаданици на грчкото малцинство, а кои го одбележувале денот на влегувањето на Грција во Втората светска војна, 28 октомври 1940 година. Кацифасотворил оган од калашњиков кон полицајците кои го симнувале грчкото знаме од гробиштата во селото, на што тие возвратиле.