Британија може еднострано да ја прекине процедурата за Брегзит
Советник во Европскиот суд на правдата во правниот совет наведе дека Велика Британија може еднострано да ја промени својата одлука за излегување од ЕУ. Генералниот адвокат на највисокиот суд на ЕУ, Мануел Кампос Санчес-Бордона на судот му кажа дека промената на одлуката на британската влада за активирање на членот 50 од спогодбата на ЕУ за излегување од Унијата би била правно основана.
Судот често, иако не секогаш, ги следи советите на главниот адвокат. Судот го разгледува ова прашање по забрзана процедура, зашто Велика Британија треба да излезе од ЕУ на 29 март наредната година. Конечната пресуда се очекува во наредните недели.
Членот 50 од Лисабонскиот договор за излегување на членките од ЕУ е оскуден во детали, главно затоа што се сметало дека е малку веројатно некоја членка да сака да излезе. Затоа, група шкотски пратеници побара да дознае дали Велика Британија може сама да ја прекине процедурата за повлекување од ЕУ. Судот го разгледува случајот додека расте притисокот од противниците на Брегзит во Велика Британија за одржување на друг референдум за излегувањето од ЕУ.