Иран се заканува со затворање на Ормускиот Теснец
Иранскиот претседател Хасан Рохани повторно се закани дека Иран ќе го затвори Ормускиот Теснец, низ кој поминува скоро една третина од светската нафта која се испорачува по морски пат. Рохани денеска рече дека „ако САД еден ден одлучат да ја блокираат иранската нафта, никаква нафта нема да биде извезена од Персискиот Залив“. Тој рече дека САД нема да можат да го спречат Иран да ја извезува својата нафта.
Рохани и претходно изнесуваше слични закани, особено откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека целосно ќе го намали извозот на иранска нафта.
Ормускиот Теснец ги поврзува Персискиот Залив и Арапското Море.