Соларна електро-централа во Брегот на Слоновата Коска – прва во Африка
Брегот на Слоновата Коска ќе ја изгради првата пловечка електро-централа во Африка, соопшти денеска тамошното Министерство за енергетика, кое сака да ја зголеми употребата на енергија од обновливи извори.
Изградбата ќе чини 80 милиони евра, а ќе се финансира со заем од Француската агенција за развој, која со владата потпиша конвенција за засилена соработка во областа на одржлива енергија.
Брегот на Слоновата Коска е лидер во регионот во секторот електрична енергија, но заостанува во употребата на обновливи извори, со исклучок на хидро-централите. Земјата сака до 2020 година да достигне 11 отсто учество на обновливите извори во вкупната енергија, а до 2030 година да достигне до 16 отсто.