Столтенберг - Не е време за косовска армија, можни се последици
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг предупреди дека не е време Косово да формира војска и оти се можни последици.
„Намерата да се продолжи со трансформација на косовските безбедносни служби во војска не е потег во вистинско време, и е спротивен на советите на НАТО сојузниците и може да има последици врз евроатлантската интеграција на Косово“, изјави денеска Столтенберг по состанокот на НАТО за Западниот Балкан.
Тој додаде дека НАТО ги поддржува косовските сили во рамки на нивниот сегашен мандат.
„Доколку мандатот на косовските безбедносни служби еволуира, Северноатлантскиот совет ќе мора да го ревидира степенот на ангажман во Косово“, рече Столтенберг.
Руското МНР, пак, реагира дека формирањето косовска војска еспротивно на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН. Во нивното соопштение се вели дека Резолуцијата предвидува на територијата на Косово да има распоредено мултинационални контингенти под меѓународна контрола.